петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Стоп Русино“: Депонијата гори Нуредини нема никаков слух, седум години неконтролирано се фрла на ѓубриштето

„Стоп Русино“: Депонијата гори Нуредини нема никаков слух, седум години неконтролирано се фрла на ѓубриштето

Вечерва на 24 Телевизија гостуваше Билјана Дабевска од Иницијативата „Стоп Русино“, таа истакна дека очекувале со министерот за животна средина Насер Нуредини дека ќе преговараат за депонијата, но не наишле на слух, напротив од министерството им понудиле само да го скратат рокот за депонијата на пет години, како и да ја превземе швајцарски инвеститор.

-Очекувавме дека ќе преговараме за депонијата, но не наидовме на слух, а тимот на одговорни лица во министерството за животна средина рекоа дека можат само да го скратат рокот од 10 години на 5 години, но имаме документи од 2013 година каде е констатирано од самото министерство дека максималниот рок на ѓубриштето е десет години. Сега сме 2020 година, седум години се поминати каде неконтролирало се фрла ѓубра од сите девет општини на чие прашање не добивме одговор, вели Дабевска.

Добревска критикуваше дека не десет, не пет години, туку една година им даваат на надлежните да го затворат ѓубриштето и да најдат нова локација според стандарди за фрлање во наредните девет години, но на тоа добиле одговор да се нафатат за одлуката за управување на депонијата од шварцарскиот инвеститор чиј проект е од 2016 година и истиот да се тера наредните пет години.

-Алармантна е состојбата во Гостивар иако ги блокиравме останатите општини да не го фрлаат ѓубрето тука, остана само општина Гостивар, но резултатот е очигледен од најновите снимки каде ѓубрето повторно гори, истакна Дабевска.

Таа вели дека не се сложува со ветувањата на министерот за уште пет години постоење на депонијата затоа што се до сега што било кажано се докажало дека не функционира, па таа замоли да излезат на терен сите што кажуваат од канцелариите и да увидат што точно се случува со депонијата.
Имено потенцираше дека проектот што го има министертвото за животна средина е од 2016 година со швајцарски фонд како потенцијален инвеститор за депонијата, но четири години ништо од тоа не е направено, заврши Дабевска.

Најнови вести