петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Ако може владата на СДСМ да троши за фстаци и владини возила, може и да го прифати денешниот амандман на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на помошта од 6 на 9 илјади денари за студентите

Нелоски: Ако може владата на СДСМ да троши за фстаци и владини возила, може и да го прифати денешниот амандман на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на помошта од 6 на 9 илјади денари за студентите

Владимир Нелоски, претседател на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија, јавно го повика Дарко Каевски пратеник од СДСМ, да ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на помошта на студентите од 6.000 на 9.000 денари, бидејќи како што рече тој ако владата има пари да троши за фстаци и владини возила тогаш може да одвои и дополнителни средства за студентите.

-Јавно го повикувам Дарко Каевски и како млад човек и пратеник во парламентот да ги поддржи трите амандмана кои денеска ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе поврзани со младите луѓе во државата. Нашите пратеници поднесоа амандман со кој на студентите, на кои СДСМ предвидува да им даде 6000 денари, како влада да им дадете 9000 денари. Зборам за студентите кои се во студентските домови а, поради короната не ќе можат да престојуваат. Еве и во оваа емисија во живо јас кажувам дека ВМРО-ДПМНЕ предложи мерки за студентите, ако може владата да троши за фстаци и за други работи кои се тотално не продуктивни, може да одвои дополнителни средства и за студентите, потенцираше Нелоски.

Во однос на предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за помош на угостителскиот сектор, Нелоски посочи дека поради тоа што СДСМ не ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за угостителите овој сектор е во катастрофална состојба.

-ВМРО-ДПМНЕ даде одредени предлог-мерки за угостителите кои вие СДСМ и владата не ги прифативте. Значи ние предложивме сите угостители и оние кои не се опфатени од корона кризата, а се економски осакатени од пандемијата да бидат ослободени од фирмарина на 2019-та и 2020-та година. Исто така, предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше и фирмарините да не се наплатуваат присилно од град Скопје како што е во случајов денеска. Пакетот мерки кој веќе е четврти по ред, дава минорни резултати и економската состојба е катастрофална и најлоша на Балканов. Да не зборам за здравствената ситуација, истакна Нелоски.

Најнови вести