петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мало зголемување на водостојот на реките во споредба со вчера

Мало зголемување на водостојот на реките во споредба со вчера

Мало зголемување на водостојот на дел од реките е забележано денеска во однос на вчерашниот ден, но сепак е под просекот за октомври, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Минимално е зголемено нивото на Вардар кај мерните станици во Скопје и Демир Капија во однос на вчерашниот ден, а за 15 сантиметри е повисоко нивото кај Велес. Благо зголемување на водостојот е забележано и кај реките Пчиња и Брегалница.

Кај езерата ситуацијата е слична. Преспанското Езеро и понатаму за 35 сантиметри го има надминато асполутниот минимум, а Охридското Езеро е три сантиметри над дозволениот минимум. Кај Дојранското Езеро нема позначителни промени. (МИА)

Најнови вести