петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев: Министерството кое го водеше Дескоска донесе фијаско за правото и правниот систем

Калајџиев: Министерството кое го водеше Дескоска донесе фијаско за правото и правниот систем

Едно е сигурно, обичниот човек, јас се бројам меѓу нив и неговата суштина за правда ич не се поклопува со онаа на политичарите, они се први во ветувањето на правда, а први ќе ја продадат кога тоа ќе им биде практично корисно, ова професорот на УКИМ, Гордан Калајџиев го истакна во емисијата „Стадион на канал 77“.

-Јас инсистирам дека политичарите треба да се тргнат од правниот систем, нема што да носат они реформи и закони, ќе го остават тоа на академската јавност и професионалците, тие се трета власт и нема што да се пазарат партиите за решенија вклучувајќи и процесни решенија кои што со сила беа внесени во Законот за јавно обвинителство, меѓу себе, а на сметка на некои правни принципи. Дури и на општа правна култура беше непристорено процесни прашања да бидат решени во закон во организација која што уредува една од страните во постапката, тоа не е нормално едноставно. Колку сака нека се фали поранешната министерка дека тоа е прогрес, тоа е едно фијаско за правото и правниот систем и министерството кое што го водеше, вели Калајџиев во своето гостување.

Целата радио емисија можете да ја слушнете во продолжение:

Најнови вести