петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев за предметите на СЈО отворени после рокот: После две години некој ги подбуцна, шибајте со нови обвиненија, на сила

Калајџиев за предметите на СЈО отворени после рокот: После две години некој ги подбуцна, шибајте со нови обвиненија, на сила

Професорот Гордан Калајџиев кој уште пред две години предупреди дека случаите на СЈО може да паднат пред судот во Стразбур, одговарајќи на интервју во емисијата Стадион на Канал 77 за пресвртот во случаите на СЈО кои што најверојатно ќе паднат поради барањето на судот во Стразбур вели дека не треба да се биде пророк, туку да се познава правото за да се предвиди дека ова ќе ни се случува со предметите на СЈО пред судот за човекови права во Стразбур, каде што обвинети бараат аболицијата на Иванов да важи.

Според Калајџиев повлекувањето на аболицијата е главниот проблем за кој прашува Стразбур, оти претпоставува согласно меѓународното право и пракса дека претседател на држава е сериозна инситутција која не се зафркава со давање или одземање помилување на луѓето.

Поништувањето се случило со закон кој е донесен подоцна и е на штета на помилуваните, како што одлучил и грчкиот Врховен суд во случајот со пребеганиот Грујовски. Затоа на одземање на помилувањето кое не е предвидено никаде се гледа со голем сомнеж.

-Ние бутнавме работи со сила, помилувањето со сила, рокот што беше неспорен да не се лажеме, дека беше договорено и Заев и Ван Хојте признаа  дека им даваме специјални алатки, ама и тоа е сериозен потрес за правниот систем и политички им дадовме рок на СЈО и они самите беа свесни  за тоа. После 2 години некој ги подбуцна, море шибај со нови обвиненија, ајде на мускули. После видоа тонат, ајде ќе им ги земеме пак на мускули, од притвор со писма кои не ни ги покажаа. Ајде нека го покажат писмото на Катица. Дали е пишувано со два различни методи, пола на машина, пола ракопис, ама имало проблем самите од СЈО го кажаа тоа. Републичкиот обвинител не го покажа писмото. Не можете така да градите доверба, не можете со свесно кршење на правото. Дури и некои правни аналитичари, ми беше симпатичен до еден момент Петар Арсовски кога се дискутираше како се земени предметите, вика: „Ако не постои правен начин, ќе се најде друг начин“. Не може така, нема друг начин. Или го правиме како што треба или никако, вели Калајџиев.

Најнови вести