вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Судијата што прекрши повеќе члена и процедурата по која беше однесена во затвор Јанкуловска мора да одговара

Димовски: Судијата што прекрши повеќе члена и процедурата по која беше однесена во затвор Јанкуловска мора да одговара

Во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ новинарот и добар познавач на правосудството во Македонија, Саше Димовски говореше за тоа што ќе се случи со предметите на поранешните функционери кои се жалеле во Стразбур, како и за процедурата по која поранешната министерка Гордана Јанкуловска беше однесена во затвор за која според Димовски се прекршени повеќе члена, а Судијата од овој предмет мора да одговара.

Тој за случаите на Стразбур вели дека министерот за правда, Бојан Маричиќ е лошо советуван дека процедурата ќе траела три години и ги објасни фазите низ кои поминува целата постапка.

– На Маричиќ му рекле дека три години ќе трае постапката, но еве јас јавно кажувам дека го излажале. Во оваа фаза судот веќе ја допуштил апликацијата како допуштена, ја разгледал. Таму има прелиминарна фаза ако не биле ќе ја отфрлел, значи ја оцениле дека исполнува услови. Втората фаза, судот ги навел прашањата кои ги бара како одговор од Владата и нашата Влада има право во рок од 16 недели да даде одговор на 5 прашања кои судот во Стразбур ги поставува. Прво вика дали аболицијата или каква и да била формата на решението е донесена под член 11 од законот кој во тој момент важел? По одлуката на Уставниот суд дали тие се поединечни дали се однесуваат на конкретни лица итн?Тоа се пет прашања кои му ги поставува за секој предмет и му вели на одговор на тој што ќе пишува: „Види го случајот Словачка“ рече Димовски.

Тој додава дека со поставените прашања судот однапред кажува дека „Еднаш дадена милостиња нема враќање“.

– Значи судот во прашањата однапред веќе кажува дека има пресудена работа во која вели дека „Еднаш дадена милостиња нема враќање“. Кој и да е дали царот, султанот или претседателот, како е направено така е, додаде Димовски и додаде:

– Во една реченица која прочитав во која зборува адвокатот кој ги застапува Влатко Илиевски и сите вели дека до Владата е доставен и предлог „Договоретесе спогодбено ако можете“. Ако не може 6 недели има одбраната право да ги искоментира одговорите на Владата, а тоа е некаде до март да заврши целата процедура и после тој рок судот носи пресуда, ако за тоа не се постигне било каков договор. По ова што го слушнав, Маричиќ не најави дека нешто боопшто би зборувале за некаква спогдба, што значи судот во текот на летото, пред или после одморите може комотно да го заврше бидејќи целиот предмет во овие три години му е потполно апсолвиран а тоа фино се гледа од прашањата објавени јавно на сајтот. Затоа каква ќе биде одлуката и какви ќе бидат последиците можеме да очекуваме за помалку од година дена овие предмети да бидат решени.

Говорејќи за процедурата за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска Димовски вели дека истата е повредена во најмалку два члена од законот за санкции. бидејќи наместо нов упатен акт бил активиран оној од од 2018 пред Јанкуловска да го поднесе вонредниот правен лек пред Врховниот суд .

– Само што ја однеле, уште првата вест кога ја прочитав веста во медиумите искоментирав на Фејсбук „Ако е точно дека е однесена во затвор е прекршена процедурата“. Се потврди дека е однесена, повредени се најмалку два члена 140 и 141 од законот за санкции кои даваат што треба да содржи упатниот акт. Во упатниот акт треба да пишува икс ипсилон мора на денешен датум 20 јануари да речеме, да се јави во КПД Идризово во 22 часот. Ако не се јави Актот се доставува нели до лицето кое треба да се јави и до затворот. Ако не се јави, затворот го известува судот и тој тогаш пушта потерница до МВР и го бара, рече Димовски.

Тој вели дека во овој случај наместо нов упатен акт бил активиран оној од од 2018 пред Јанкуловска да го поднесе вонредниот правен лек пред Врховниот суд и судијата од овој случај треба да одговара не само дисциплински туку и со потешки мерки .

– Во конкретниов случај не може да се активира стар налог од 2018 пред Јанкуловска да го поднесе вонредниот правен лек пред Врховниот суд. Тој упатен акт имал година и датум во 2018 и морало да и се врачи нов и да се извести затворот, посебно признанието на Оливер спасовски кој кажува дека Гордана Јанкуловска била под одредени мерки затоа што не смеела да го напушти живеалиштето, а живее спроти полиција и била набљудувана. Тоа лице да сакала да избега ќе била поголема можноста да го фатат. Судијата за овој случај мора да одговара, дури не само дисциплински туку и потешки мерки. Не може да се вади на активирање на стариот налог, заврши Димовски.

Најнови вести