четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Адвокатите кои се блиски околу премиерот се како зелено пазарче, земаат пари за да местат пресуди

Димовски: Адвокатите кои се блиски околу премиерот се како зелено пазарче, земаат пари за да местат пресуди

Вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше Саше Димовски кој што посочи дека ветинг во судство ако сака да има министерот за правда тогаш треба да исчисти неколку канцеларии од Скопје, кои се блиски до власта и се однесуваат како зелено пазарче, земаат пари за да местат пресуди.

„Ќе бидам краток и ова ќе го врзам со најавениот ветинг на министерот после 100-те дена, бидејќи сака да ги чисти судиите. Ако сака да го расчисти доволно е десет канцеларии во Скопје да ги исчисти и така ќе го среди судството. А, тие десет се адвокатите кои се блиски околу премиерот со нивните експонирани канцеларии“, истакна Димовски.

Димовски додаде дека еден човек му ги има покажано пораките како му се побарани фиксни суми на пари за одредена пресуда. Човекот ги дава парите, ништо не му е направено, и го губи спорот.

„Адвокатот кој што е висок функционер во СДСМ и кој ги застапува, какви не пораки му имаше пишувано, искрено го советував дека ќе го уапсат за закани. Ми вика баш сакам да ме уапсат за да кажам колку пари ми зема за да ми ја намести пресудата, и не ми ја намести. Тие десет канцеларии деноноќно со примери, имаме луѓе им се влага казната во затвор да не ви спомнам неколку високи и јавни функционери, познати фаци кои се надвор наводно на лекување. А, ништо не им е, меѓутоа за одредена сума се надвор“, нагласи Димовски.

Димовски посочи дека адвокати блиску до власта се како зелено пазарче. Затоа ако сака министерот судството да се исчисти треба да се тргнат неколку канцеларии во Скопје, кои за пари купуваат пресуди.

Најнови вести