сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Христова: Со неприфаќањето на амандманот се скратува можноста за развој на туризмот во Источниот регион

Христова: Со неприфаќањето на амандманот се скратува можноста за развој на туризмот во Источниот регион

На денешната седница на комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова која изрази незадоволство поради неприфаќањето на предложениот амандман.

-Затоа сега на кратко сакам само да ве запознаам за што се работи, се работи за студија за развој на бањски туризам во комплекс „Топлички рид‘‘ која се наоѓа во мојата општина Виница. Факт е дека во помалите општини многу малку се инвестирало досега а со одбивањето на овој амандман се покажува дека се продолжува во ист правец. Сакам да истакнам дека доколку се овозможи некогаш, се надевам да се реализира овој проект, не само општина Виница туку и поголемиот дел од источниот регион ќе има големи проидобивки од истиот, затоа што станува збор за исклучително одлична локација која нуди природни ресурси за развој на бањско рекреативниот туризам, нагласи Христова.

Христова додаде и дека локалитетот го тангира магистрален патен правец Кочани-Делчево-Виница и границата со Бугарија како и регионален патен правец Кочани-Виница- Берово. Според Христова целта на планскиот концепт е да се изврши хармонизација на просторните чинители со наменска употреба на земјиштето. Планирањето на ваков центар значи поттикнување на интегриран развој на локално и регионално ниво.

Според пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Христова истакна дека активирањето на овој простор ќе овозможи развој на повеќе дејности кој ќе продуцираат економски ефекти не само во областа на угостителството и туризмот туку и во останатите дејности непосредно поврзани со изработка на урбанистички решенија како проектирањето, трговијата, сообраќајот и занаетчиството.

-Најголемиот ефект кој ќе произлезе со реализација на предложениот урбанистички план ќе се одрази врз зголемено ангажирање на расположливата работна сила преку нови вработување во дејностите предвидени во планските содржини. Мислам дека е крајно време подеднакво да мислите на сите граѓани во Македонија и на сите да им се помогне‘‘ заклучи Христова.

Најнови вести