Кристијан Голубовиќ во јавноста има слика на опасно момче. Тој честопати се фали без пардон како не одговарал за повеќекратни убиства, па дури и се закануваше на старлетата Станија Добројевиќ дека ќе ја убие ако не му се извини за навредите што му ги нанесе на неговото семејство, за што сега е и на суд.
Во моментов тој е најактуелен учесник во реалното шоу „Задруга 4“ и главна тема и во домашните медиуми и кај публиката што го следи ова ријалити. Новинарите го посетија Краљево каде што живее Кристијан Голубовиќ, па ги прашаа соседите, неговиот фризер, келнерот, случајните минувачи… каков човек е тој? Еве што мислат за него, неговите сограѓани:
Фризерот на Кристијан Голубовиќ Јован, вели дека не знае од каде да започне:
– Кики е феноменално момче и како клиент е прекрасен. Лесно можеме да се согласиме за фризура.Не бара многу, а е галантен кога станува збор за бакшиш – рече Јован за „Ало!“ И откри дека Голубовиќ бил кај него на дотерување дента пред да влезе во „Задруга 4“.
– Немам ништо лошо да кажам за него. Кристијан е исто така почитуван и сакан како граѓанин на Краљево. Дарежлив е, добар е … Само заради него ја гледам „Задруга 4“ – вели фризерот на најактуелниот учесник на ова ријалити во моментот.
– Не верувам дека некој може да го испровоцира и да го исфрли од такт до таа мера. Приватно е многу поразличен отколку во реалното шоу. Тој не е конфликтна личност и разговара со сите, пријатен е – ќе рече Јован за „Ало!“ И додава дека сопругата на Кристијан, Ивана е исто така љубезна и културна жена, која сите во Краљево ја почитуваат.
Само пофални зборови за него имаа и во кафеаната и во кафулето, каде што Кристијан е редовен гостин.
– Кристијан е едноставен гостин. Претежно јаде пица капричиоза, обично со рукола и јајце одозгора. Кога не јаде пица, тогаш нарачува бифтек со сос од горгонзола или бибер – вели келнерот Стефан за „Ало!“.
Тој додава дека Кристијан е слаб на слатките, па затоа често нарачува чоколадна торта или суфле со две топки сладолед.
– Тој е вистински господин, пријатен и интересен гостин. Возрасните и децата му приоѓаат. Тој секогаш е среќен кога се слика со сите и дели автограми. Обично доаѓа со сопругата Ивана и ќерката, која е вистинска мала дама – рече Стефан и додаде дека му посакува победа во реалното шоу.
– Тој е џек во друштво, редовно чести сè околу себе со пијалоци, а и остава богат бакшиш – вели тој.
Една дама -случаен минувач, на новинарите ќе им рече дека Кристијан е многу подобра личност приватно, од она што е прикажано во „Задруга“.
– Тој е таков каков што е, по природа е многу подобар човек од оние што го предизвикуваат. Јас го поддржувам и му посакувам да победи“ – рекла таа.