вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нивоата на реките под и околу октомврискиот просек

Нивоата на реките под и околу октомврискиот просек

Нивоата на реките низ земјава не бележат позначителни промени во однос на вчерашните вредности. Како што покажуваат денешните хидролошки мерења, и натаму нивото на Вардар кај Јегуновце е драстично намалено во однос на просекот за октомври.

Пониски од октомврискиот просек се водостоите на Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод, Вардар кај Демир Капија, Лепенец кај Скопје, Струмица кај Ново Село и Црна Река кај Новаци.

И состојбата со езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, не бележи поголеми промени од вчера. (MИА)

Најнови вести