недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески до власта: По сите негативни параметри, ние сме водачи во регионот

Јаулески до власта: По сите негативни параметри, ние сме водачи во регионот

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека власта не води грижа за граѓаните.

-Почитуван колега Велковски, кажавте дека овој Ребаланс е потребен за да се зачува функционалноста на здравствениот систем и губењето на работните места.
Јас сакам да наведам неколку работи за тој систем и да ве потсетам, дека за жал, имаме над 2️⃣8️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ позитивни и 9️⃣4️⃣9️⃣ смртни случаи и први сме во светот по глава на жител по смртност од оваа пандемија.
➡️ Да ве потсетам исто така, дека државното здравство не нуди брзи тестови за граѓаните, односно граѓаните чекаат по неколку денови за да се тестираат и најчесто се испраќаат во други градови, што пак е причина граѓаните да ги посетуваат приватните лаборатории за да направат тест и тој тест чини најмалку 50 евра.
За жал, изминативе денови бев сведок на тоа да по пат на Facebook се бара крвна плазма, а имаме и над 2️⃣0️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ оздравени, и ова е уште еден доказ дека државата не води грижа за тоа да набави крвна плазма од излечените од Covid-19.
Понатаму, во однос на економијата ги споменавте мерките, односно првите 3 пакет мерки каде што беа обезбедени над 5️⃣0️⃣0️⃣ милиони евра💶, но за жал реализирани се само една третина. Тоа исто така говори за нефункционалноста на оваа старо – нова власт.
⚠️Над 4️⃣6️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ граѓани го изгубија своето работно место, над 2️⃣0️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ ученици👨‍🎓👩‍🎓 не можат да се вклучат во образовниот процес и вие наместо да имате екстензивен ребаланс на Буџетот, вие лоцирате пари на погрешни места. И да биде уште потрагично – не знаете ниту да ги искористите!
‼️ Во моментов имаме највисок дефицит, најголем долг кој изнесува 6️⃣0️⃣% од БДП и не знам до каде ќе оди ова ваше тонење, не знам каде ви е дното.
По сите негативни параметри, ние сме водачи во регионот.✅, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести