Пратеничката Иванка Василевска од ВМРО-ДПМЕ на собраниска седница се обрати и посочи дека четвртиот пакет на економски мерки се само шминка, власта преку овој пакет си го подготвува теренот за да се продолжи со поткупи и изборни манипулации за следните локални избори.
„Ова што го имаме пред нас како ребаланс на Буџет, Владата се обиде да прикаже извесна спремност за континуирано одржување на внатрешните економски дејности, санација на штетите по вработените во најпогодените сектори на стопанството. Слабо но сепак се обидоа да создадат некаков привид дека имаат стратегија за преживување на македонската економска политика во услови на светската пандемија. Во овие околности единствениот излезен пропаганден механизам им содржан неодминливиот аргумент дека пандемијата сепак навистина постоела и дека истата силно влијае врз сите општествено политички и социјални сегменти во Република Македонија. Во таква ситуација секој пакет на мерки кои би биле понудени кај граѓаните создава извесен впечаток дека ќе се снајдат, и на тој начин ќе успеат да го преживеат денот, неделата, месецот во оваа мачна година“, појасни Василевска.
Василевска додаде дека Македонија поради власта е се повеќе и повеќе задолжена. А, последиците од вакви штетни политики на власта граѓаните силно ќе ги почувствуваат и во годините кои што следуваат.
„Јасно е како ден дека со понудениот ребаланс на Буџет се ревидира економскиот резултат за 2020-тата година и истиот изнесува – 4.4%. Тоа значи дека со истиот се зголемуваат долговите на македонските граѓани и тоа за 4.1% во споредба со претходниот ребаланс на Буџетот на Република Македонија. Како резултат на ваквиот однос на одговорните во Владата се зголемува дефицитот на Буџетот на државата и тоа за рекордни 18.6%. Ако земеме во предвид дека главниот носечки иден проект на овој ребаланс на Буџет го претставува носењето на четвртиот пакет на мерки за подобрување и нормализација на економијата во Република Македонија т.е. пренасочување на буџетски средства за справување со здравствено економската криза предизвикана потенцирам од епидемијата КОВИД-19 туку и од претходниот катастрофално лош економски менаџмент на власта предводена од СДСМ. И можам да констатирам дека сум сериозна загрижена колеги не како ќе ја дочекаме следната 2021, туку со што“, нагласи Василевска.
Василевска посочи дека сосема е јасно дека за четвртиот пакет на мерки со пренасочување на средствата и другите понудени решенија од страна на Владата се потврдува доказот дека власта ни од далеку не размислува за спас на македонските компании и за спас на граѓаните од економска криза. Власта ја злоупотребува оваа ситуација со пандемијата и подготвува терен за продолжување на агонијата и за следните изборни манипулации.