среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриеска-Кочоска: И штедачите на Еуростандард Банка потврдија дека повеќе од 8 милиони евра завршиле кај само една групација на струмички компании

Димитриеска-Кочоска: И штедачите на Еуростандард Банка потврдија дека повеќе од 8 милиони евра завршиле кај само една групација на струмички компании

Постои една народна поговорка “На лагата кратки и се нозете”. Па ако ја знаете уште од најрано детство ќе остане за навек врежана во главата, пишува на Фејсбук, Гордана Димитриевска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека ништо не останало скриено е исто така реченица со која пораснав. И еве денес повторно таа реченица докажува дека ништо скриено не останало.

Во средината на месец август, кога се објави стечајот за Еуростандард банка, ВМРО-ДПМНЕ беше прво кое информирше дека најголемите пари завршувале во струмички компании, а сега гледаме дека и штедачите на банката дојдоја до тие информации и дадоја податок плус дека повеќе од 8 милиони евра завршиле кај само една групација на струмички компании.

Уште колку ненаплатливи кредити завршиле по струмички фирми? Дали овие пари се проневерени со цел да се финансира кампањата на владејачката структура оваа а и изминатите години бидејќи овие активности не биле само во тековната година. Дали конечно гувернерката ќе не удостои со коментар плус во однос на овој случај за кој не добивме никакво објаснување.

Кога ја споменувам лагата веднаш ме асоцира на уште едно име. Затоа во овој пост ќе те споманам и тебе Венко Филипче, дај си оставка не се брукај. Времето покажува и докажува и за тебе дека си неспособен менаџер кој не гледа ништо подалеку од сопствениот џеб. Греота е да трошиш енергија на нешто за кое и тие твои папагали од видеото знаат дека нема фајде, не е Гордана крива за овој хаос.

Овој хаос во здравството има само едно име, а тоа е Венко Филипче. Човекот кој со потпишана 1,1 милјарда евра не успеа да се справи со кризата. Нема друг таков во европа на кој во техничка влада му беа потпишани толку пари за справување со корона.

А овој хаос во државата кој произлегува од мафијашки активности, пропаѓање на банка, криминални тендери, поткуп на избори, премногу жртви од корона има исто така едно име, тоа е СДС.

Најнови вести