вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Зад ова видео се крие многу тажна приказна: Зошто оваа крава секој ден доаѓа на исто место?

Зад ова видео се крие многу тажна приказна: Зошто оваа крава секој ден доаѓа на исто место?

Во Индија постои една крава која секој ден доаѓа на едно исто место, пред еден ист автобус. Пред четири години, тој автобус и го убил единственото теле кое некогаш го имала. Не доаѓа да тагува. Доаѓа да го запре автобусот.

Секогаш кога ќе наиде, застанува пред него, го напаѓа, а не запира ниту едно друго возило. Понекогаш само го успорува, а понекогаш целосно го запира автобусот, но оваа мајка не се откажува. Се обиделе да ја променат бојата на автобусот, но најверојатно чувствува дека е истиот.

Велат дека ако со нејзиното однесување спречи друго животно да настрада како нејзиното дете, тогаш сето она што го прави е воодушевувачко.