Првата дама на Америка гласала на Флорида во 9 часот наутро, а за оваа пригода облекла скап фустан во комбинација со вртоглаво високи потпетици, елегантна чанта и големи очила за сонце
Американските претседателски избори се во екот, а гласала и Меланија Трамп. На Флорида, поточно во Палм Бич, првата дама се појавила на гласачкото место, во 9 часот наутро по локално време.
За гласањето одбрала фустан од брендот „Гучи“. Фустанот вреден скоро 4.000 евра ѝ ласкала на линијата на првата дама, која уште еднаш го покажала непогрешливиот вкус за мода и елеганција.
Остатокот од стилската рапсодија на Меланија се состоел од лежерна пунџа, големи очила за сонце и високи салонки во боја на кожа, со потпис на нејзиниот омилен дизајнер Кристијан Лобутин.
Но американските медиуми забележале дека Меланија додека доаѓала на гласањето, се појавила без маска!