среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тука е: Рисот Бистри владее низ шумите во Националниот парк Маврово (ФОТО)

Тука е: Рисот Бистри владее низ шумите во Националниот парк Маврово (ФОТО)

Деновиве во шумите на Националниот парк Маврово е забележан и фотографиран балканскиот рис Бистри.

На 10 балкански рисови од Националниот парк Маврово им беше ставен околувратник со GPS уред, со цел да се следи нивното движење. На Фејсбук профилот на Националниот парк, пак, споделија фотографија од еден од овие рисови – Бистри.

Бистри е шестиот балкански рис кој си доби околувратник, а неговото движење се следи од февруари минатата година.

Деновиве, рисот е забележан низ шумите на националниот парк, а на нивниот Фејсбук профил споделија и фотографија:

Покрај Риси, околувратници со GPS имаат и рисовите Марко, Ристе, Мартин, Деки, Маја, Филипче, Нарциса, Лиса и Атиџе.

Најнови вести