Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција објави дека вчера по предлог на здравствените власти, Владата ја одобрила новата мерка со која се забранува групирање на повеќе од четири лица во текот на денот.
-Вчера предложивме некои мерки, кои Владата ги прифати, ова е ограничување за групирање на повеќе од четири лица, ноќе и дење, рече министерот Филипче.
Да нема групирање на повеќе од 4 лица, Филипче порача во група од 6 лица.
Тоа предизвика бројни коментари, но и потсмев од страна на граѓаните.
Зошто некој би се групирал за да соопшти дека има забрана за групирање? pic.twitter.com/LIiNNV2RAG
— Точка (@tishinamalku) November 10, 2020