вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Постојат начини да се справите со сопствената срамежливост – дознајте ги!

Постојат начини да се справите со сопствената срамежливост – дознајте ги!

Ако сте срамежливи имате проблем во одредени ситуации и со одредени луѓе да бидете опуштени, сепак постојат начини како да се справите со срамот.

1. Секое утро кога ќе се разбудите пред огледало повторете неколку пати “Се чувствувам и изгледам одлично“. Повторете ги овие зборови неколку пати, додека не се убедите самите себе во нивната вистинитост. Потоа облечете се и изгледајте онака како што си се допаѓате себе си. Луѓето полесно комуницираат ако се чувствуваат добро во сопствената кожа.

2. Барем еднаш дневно направете некоја ризична постапка. Соочете се со стравот и ќе си ја зајакнете самодовербата. Морате да знаете да се справувате со помали стравови за да бидете подготвени за поголеми предизвици. Не постои ништо што не можете да направите.

3. Ако сте дел од групни разговори убаво би било да споделите со останатите дека сте срамежливи. Така тие ќе ве охрабрат да го изнесете своето мислење и да сте дел од конверзацијата. Ако премолчите може да помислат дека ви е досадно и не сакате да придонесете во разговорот.

4. Одбивањето и неуспесите се дел од животот и колку порано го сфатите тоа полесно ќе одите напред. Немојте да мислите дека само вас ви се случува тоа или дека мора да успеете во се што сте се обиделе. Ниедно одбивање не го сфаќајте лично – прифатете го и продолжете понатаму.

5. Вклучете се во активности кои ве прават среќни. Тоа може да биде од пливање до готвење. Истражување нови работи е одличен лек за срамежливост.