четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наскоро во македонскиот медиумски етер ново радио „Радио Лидер“

Наскоро во македонскиот медиумски етер ново радио „Радио Лидер“

Во македонскиот медиумски етер ќе блесне ново радио, станува збор за „Радио Лидер“ а ваквата вест на својот Фејсбук профил ја сподели новинарот и уредник на порталот Лидер Љупчо Златев и со истиот проект ќе раководи токму Златев.

Во продолжение целата објава на Златев:

Почитувани пријатели,

Мојата новинарска кариера ја почнав сосем случајно пред десетена години. Работев во неколку еминентни и познати медиуми, а
од 2018 го водам информативниот портал lider.mk.

Би сакал да ви се пофалам и да го изразам моето задоволство што овој медиумски проект добива уште поголема димензија. Од многу скоро, ќе почне информативната и забавната програма на Радио Лидер. Конечно, добивам шанса да водам медиум кој е радиодифузер.

Да, порталот ќе добие своја радио станица, а радио станицата ќе има свој портал!

Станицата има скопска фрекфенција, ФМ 107,4 а освен мене на фрекфенцијата ќе творат плејада на познати новинари но и дојаени на радио новинарството во нашата земја.

Освен радио ќе бидеме и онлајн телевизија, па сите наши емисии во живо ќе можете да ги следите на FACEBOOK и YOUTUBE!

Ќе ги кажуваме работите кои другите се плашат и да ги помислат! Ќе ви докажеме дека радиото не е мртво!

Наскоро ќе дознаете повеќе детали…, пишува Златев во својата Фејсбук објава.

Најнови вести