вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕКСПРЕС: СДСМ тврди дека Мицкоски и Марковски имаат желба за секс со мртви луѓе (ВИДЕО)

ЕКСПРЕС: СДСМ тврди дека Мицкоски и Марковски имаат желба за секс со мртви луѓе (ВИДЕО)

Има ли портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов докази за своето одвратно и бизарно тврдење, не знае што е некрофилија или власта се обидува да ја дефокусира јавноста од фијаското за преговорите со ЕУ? – анализира порталот ЕКСПРЕС.

Пратеникот на власта денеска од официјална прес конференција изјави дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и професорот Вело Марковски имаат сексуална желба кон мртви луѓе, трупови.

“Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Мицкоски и Марковски, мрачни некрофили кои се обидуваат политички да профитираат врз несреќата на граѓаните”, изјави Костадинов кој искажа стравично обвинување.

Изјавата на Костадинов се уште не е избришана од веб сајтот на СДСМ а ја има и на Јутјуб каналот на партијата.

Според науката некрофилија, уште нарекувана танатофилија и некролагнија, е парафилија што се карактеризира со човечко сексуално привлекување кон мртви трупови.

Зборот некрофилија е вештачки создаден од старо грчки: νεκρός (nekros; “труп,” или “мртов”) и φιλία (philia; “љубов”).

Кога Костадинов го кажа обвинувањето тој читаше од потсетник што значи дека не е гаф туку смислена квалификација на СДСМ.

По 5 часа откако е поставено СДСМ сеуште не го брише видеото од нечовечкото лажно обвинување на Костадинов, анализира ЕКСПРЕС.

Најнови вести