„Денес прочитав нешто што е дадено како брифинг за новинарите, во врска со презентација на Буџетот. Тоа што ми остави впечаток тоа што постои во самиот наслов е една контроверза, а тоа е вели „Буџет за економска стабилност и забрзан раст“, што едно со друго се спротивставени. Имено стабилноста и растот не се исти. Растот значи нестабилност“, појасни универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров при линковското јавување во емисијата на телевизија Телма.
Шукаров додаде дека економијата во Македонија не функционира во својата компелтност.
„Кога економијата не функционира во својата целост, тоа не е економија. Треба да се подржат оние стопански субјекти кои што би имале за економијата мултипликативен карактер, би дале со еден денар внесен во тие стопански субјекти да се добие ефектот повеќе денари во целата економија. А, оние кои што пак немаат таква можност би требало со нив да работи на нивна социјална програма“, истакна Шукаров.
Шукаров посочи дека целата приказна околу Буџетот е малку спорна бидејќи правите Буџет во денешни услови, а не знаете што ќе се случува наредната година.