Македонија денеска го живее сонот кој после долго време се оствари.
Европското првенство идната година во јуни, не е повеќе сон, тоа е реалност.
И додека целата земја славеше вчера до утринските часови кога пристигнаа нашите фудбалери, регионалните медиуми на големо и со радост пренесуваа за пласманот на Македонија на ЕП 2021.
Додека српските и хрватските медиуми не пренесуваа со нашето име Македонија и Македонците, сепак Бугарите никаде не изоставија да ја додадат „Северна“ во насловите, погледнете.