вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Маја Оџаклиевска искрено проговори: Со мојата мала пензија, често му велам на внукот дека за неговите играчки немам пари

Маја Оџаклиевска искрено проговори: Со мојата мала пензија, често му велам на внукот дека за неговите играчки немам пари

Таа се уште важи за голема пејачка ѕвезда на овие балкански простори која испеала многу хитови. Станува збор за пејачката Маја Оџаклиевска која е по потекло од нашето Скопје, но своите пензионерски денови ги живее во Белград. Поточно кажано, преживува со пензиичка од само некои 300-ина евра што е сосема недоволно за еден пристоен живот во српската метропола.Колку за јадење и сметките.

-Имам мала пензија, но и таа ми е доволна бидејќи не сакам да се понижувам на секој пеејќи му во скут или да сум качена на маса. Послатки ми се овие пари од тие за кои би заработила веројатно и преку две, три илјади евра. Доволни ми се моите пари да не бидам запустена, но мене сега во прв план ми е моето внуче Лука, мојата напатена душа кој 7 години се бори со аутизмот. Не можам многу да му пружам на внукот со оваа пензија, но тој е разумен.

Кога ќе му речам ’Бабата не може тоа да ти купи, немаме толку пари душо моја’, тој малку ќе се растажи, но тој молчи. Не е бесно инаетџиско дете, раскажа помалку сетно популарната Маја која и во овие години изгледа одлично.

Најнови вести