четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нивната љубов е посилна од негативните коментари: Кијану ќе клекне пред Александра

Нивната љубов е посилна од негативните коментари: Кијану ќе клекне пред Александра

Познатиот актер Кијану Ривс е среќен во новата љубов со неговата девојка Александра Грант. Откако се охрабри да направи неочекувана промена во неговиот имиџ, Кијану реши да ја подигне врската со неговата избраничка на повисоко ниво.

На почетокот на летото, актерот се пресели во Берлин, каде го снима долгоочекуваното четврто продолжение од франшизата „Матрикс“, а деновиве завршува снимањето на споменатиот филм. За време на целото снимање, тој бил придружуван од неговата 47-годишна партнерка, визуелниот уметник Александра Грант, која со него на некое време се преселила во Германија.

Познато е дека причината за широката насмевка на лицето на Кијану Ривс е токму таа, и дека парот е навистина заљубен „до уши“. Според странските медиуми, 56-годишниот актер е решен во следните неколку недели да клекне на колена пред својата избраничка и да и го постави судбоносното прашање.

„Можеби ќе се венчаат во Германија. За време на снимањето, тие си поминале одлично. Тие живеат во нивен балон додека е во сила карантинот, што ги зближило уште повеќе. Тие се усогласиле на сите полиња и нивниот однос е дополнително зајакнат“, изјавил извор за странските медиуми.

Најнови вести