четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13 прв пат дојде во судот од куќен притвор- се појави со бастун, па се скара со судијката- повеќе нема право на збор (ФОТО)

Боки 13 прв пат дојде во судот од куќен притвор- се појави со бастун, па се скара со судијката- повеќе нема право на збор (ФОТО)
ФОТО:360 степени

На Бојан Јовановски кој денеска се појави на рочиштето за „Меѓународен Сојуз“ му беше одземено правото на збор откако за судијката Софче Ефремова Гаврилова, за која побара изземање, рече дека е инструирана.

– Бев жртва на уцена на политички багабонти но не погледав на тие притисоци. Вие сте дел од ова бидејќи тие багабонти ми правеа притисок, рече Јовановски.

На тоа Ефремова Гаврилова реагираше и рече дека му го одзема правото на збор за ова рочиште.

– Боки, џабе креваш рака не ти давам збор, му рече судијката на обвинетиот.

Инаку ова е прво појавување во јавноста на Боки 13 откако е во домашен притвор откако правеше и операција на желудникот.

Најнови вести