„Марин “ќе измете” пола милион евра од буџетот на Аеродром, додека има нула денари за борба против загадувањето.
Да се трошат половина милион евра за набавка на метларки, а инвестициите во борбата против загадувањето, што е актуелен проблем за Аеродром да се нула денари преставува расфрлање со парите на граѓаните.
Очигледно Марин има “добра” и веројатно лична причина за тоа што му е приоритет. А таа може да се гледа во фактот што добитник на оваа набавка е компанијата на поранешниот вицепремиер на Владата на Заев, Кочо Анѓушев.
Како токму овие метларки се најдобри за Аеродром и дали не се тие “нацртани” во договорот склучен со компанијата треба да е предмет на истрага на институциите, но она што е важно и болно за Аеродромци што и денес, утре и деновите потоа Аеродром е рекордер по загадениот воздух, а имаме власт и градоначалник кој не прават ништо да го променат тоа. А нели ветуваа чист воздух…
#АјроАјроАјродром
#ЗлаткоМарин“
Фејсбук статус на Златко Перински