сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Серафимовска: Клучно е прашањето што е приоритет здравјето на граѓаните или Изборен процес?

Серафимовска: Клучно е прашањето што е приоритет здравјето на граѓаните или Изборен процес?

На почетокот на кампањата, а по толку бурни дискусии ЗА или ПРОТИВ предвремени локални избори во Штип, чувствувам потреба да дадам и свое мислење на темава…, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук членот на ИК на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Христина Серафимовска.

Фактичка состојба: 600 штипјани се заболени од корона вирус, а 56 во моментот се хоспитализирани !

Според мене во услови кога само во последните 5 дена има 186 нови случаи, 8 починати и секој познаник на улица е потенцијален преносител на Covid 19 e време, единствено и исклучиво за сериозно вложување на секој еден човечки напор во насока на сузбување на единствениот заеднички непријател за сите нас, Covid 19!

Лично сметам дека во време кога еден заеднички непријател не обединува во заедничка борба против него, не е потребно да креираме предизборна атмосфера на разединување и поделби на наши и ваши, на успешни и помалку успешни, на некои што не би донеле добро за градот кога би биле избрани и оние кои би донеле напредок на Штип.

Кога лично би одлучувала д-р Сашко Николов би сакала да го видам на чело на кризниот медицински штаб во болницата, заедно со сите оние кадарни и образовани поединци кои знаат и можат да придонесат вистински во вакви моменти одлучувачки за сите нас!

Постојат времиња на радости и времиња на таги…времиња за градење кариера и времиња на уживање на плодови од истата.

Постојат и времиња за борба во изборни кампањи и времиња на борба за преживување!

Ние сме во овие последниве!

Клучно е прашањето што е приоритет здравјето или Изборен процес за “подобар живот”?

Јас би рекла нема подобар живот без здравје!!!, пишува во својата објава Серафимовска.

Најнови вести