Хејли Бибер, сопругата на пејачот Џастин Бибер, вчера го прослави 24 роденден. Покрај бројните честитки, најемотивната ја доби од нејзиниот сопруг.
Џастин објавувајќи нејзини фотографии, напиша и емотивна порака на својот Инстаграм профил.
-Моите очи се за тебе. Моето срце е за тебе. Мојата душа е за тебе. Мојата љубов е за тебе. Јас сум домот каде и да си ти. Ти си моето безбедно место. Целосно сум опседнат со тоа што си ти. Мојот најголем сон е да остарам со тебе. Не можам да верувам дека си моја засекогаш. Среќен роденден, напиша Џастин.
Неговата објава за само половина час имаше над милион допаѓања.