Мало зголемување на водостојот на дел од реките се забележува денеска во однос на вчерашниот ден.
За пет сантиметри е зголемено нивото на реката Струмица, а за четири сантиметри е повисоко нивото на Вардар кај Демир Капија. Благо зголемување на водостојот има и кај Црна Река.
Кај езерата денеска се забележува намалување за уште еден сантиметар во однос на вчерашните мерења кај Охридското Езеро, додека кај Преспанското Езеро ситуацијата е непроменета во однос на вчера.