Поранешниот премиер Владо Бучковски, кого Владата на Зоран Заев го одбра за официјален преговарач со Бугарија, со исто толку скандалозно интервју за бугарски медиум, како она на премиерот за БГНЕС.
Бучковски вели дека Македонците постојат од 44-та, а Бугарите дека се постар народ и нација од Македонците. Според него Македонците и Бугарите говорат ист јазик.
Според мое мислење ако се тргне од Договорот со Бугарија, официјално ние прифаќаме дека сме имале заедничка историја. И тоа е непобитен факт, но тврдењето дека ние всушност сме еден народ во две држави во овој момент во Република Македонија ако се тера таа теза ќе направи повеќе штета отколку корист. Јас сум приврзаник на оние кои што не се мнозинството. Од 1944-та до 91-ва силната пропаганда која беше на дело ги оддалечи природните сојузници, Македонците и Бугарите. Неспорно е дека имаме заедничка историја, неспорно е дека бугарската нација, бугарскиот народ е создаден пред македонскиот. Неспорно е дека тоа е официјален став и на Бугарија, дека нема проблем со создавањето на македонската нација од 1944-та година, историчарите да излезат од рамките на она што беше историографија во времето на комунизмот, вели Бучковски.
Бучковски: Моментот не е добар да се каже дека сме еден народ во две држави, од 44-та до 91-ва имаше силна пропаганда за да не оддалечи од Бугарија, Бугарите се постара нација, ние сме од 44-та, јазикот ни е (условно речено) ист.
Абе, наш преговарач е или на Бугарија? pic.twitter.com/NX31ThE1cj
— Боби (@BatmanSaysT) December 1, 2020