Љупчо Пренџов пратеник од ГРОМ во македонското Собрание вечерва на 24 Анализа во Телевизија 24, истакна дека со именувањто на Владо Бучковски за специјален претставник со Бугарија се бајпасира Бујар Османи, и е доказ за целосен неуспех на преговорите, Заев доживува фијаско на јавна сцена, па граѓаните ќе увидат дека „царот е гол“.
Работата е малку подлабока со именувањето на Владо Бучковски, со тоа прво се бајпасира Бујар Османи, второ се покажува еден целосен неуспех на преговорите со Бугарија, сакам да потенцирам дека преговорите почнаа на ден Илинден кога целиот народ празнува, ирелевантно е дали е назначен Бучковски, релевантно е дека граѓаните се излажани по не знам кој пат, тврди Пренџов.
Тој истакна исто така дека лагата е во тоа менување на името за влез во ЕУ, а две години подоцна гледаме дека не можеме да влеземе во ЕУ, и практично политиките на Зоран Заев доживеаја едно фијаско на јавна сцена.
-Договор нема да има до 8-ми декември, и заради многу други фактори, особено сето она што ни се случува во Македонија образование, судство, здравство итн, а единствена работа за која Владата зборуваше беа овие преговори за влез во ЕУ,а ти енма да ги постигнеме, па граѓаните ќе констатираат дека „царот е гол“, и после ова премиерот нема да има никаква игра на политичката сцена во Македонија, вели Пренџов.
За него вели сосема ирелевантно е кој ќе биде нов преговарач, кога преговорите се неупешни, договорот со Бугарија е нефункционален, и нашата Влада и бугарската го читаат на свој јазик, значи дека тој договор нема никаква правна вредност, а грешките на Владата умисленоста и ароганцијата ќе го чини народот, кој ќе оди наназад.