Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање на протестот кој се одржа пред Владата под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“ побара оставка од Зоран Заев и упати прашање кон Заев дали знае зошто Владата на Македонија е токму на Булеварот Илинден?
-Зоране Заев не сум дојден тука да те мавам, тука сум дојден да ти кажам оди си. Готов си. Ова е последна твоја ол-ин игра, ова е последната рака на неукиот коцкар кој што влета во крвава игра, македонскиот народ да го претвори во вештачка нација.Не постои народ особено не на Балканот чија што етничка карта се поклопува со политичката мапа на државата.Народ без свое малцинство во соседството, е токму тоа, вештачка нација, и по тоа тргна. Зоран Заев по стотина години повторно ги оддели македонските семејства, брат од брат, потпиша договор со кој што македонците повеќе немаат роднини во егејот, преговара македонците повеќе да немаат роднини во Бугарија. Дозволи да бидат побугарчени македонците од Мала Преспа од Корча од Гора во Албанија.Зоран Заев го прави она што ниеден окупатор не успеал да го направи. Да ја одземе слободата, јазикот, да ја одземе историјата, да го одземе правото на самоопределување.Епа Зоране Заев нема да успееш ниту ти.Не постои народ чиишто политичар тргнал со обвинувања за својата земја, само за Зоран Заев Македонија и македонците се виновни за се. Не постои политичар на светот чија што рака ставерна на срце е рака која што го подели сопствениот народ.Не постои политичар во светот кој што го обезличил својот народ да му го забрани името, нагласи Стоилковски
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски од протестот му порача на Зоран Заев дека е лош коцкар на кого му лепи раката.
-Нема македонска култура, ги брише Македонија, нема македонски театар нема македонска телевизија, нема македонски фолклор.Не постои политичар кој што својата држава ја претворил во територија од која што секој може слободно да граба што ќе посака, за да граба и тој. Лош коцкар на кого му лепи раката.Зоране Заев стојам тука на Булеварот Илинден, а знае ли Зоран Заев зошто Владата на Македонија е токму на Булеварот Илинден? Затоа што Илинден е темелот на Македонија бре неук! Илинден е празникот на сите македонци колку и да ги делеле и раселувале низ светот.Зоран Заев го погази го обесчести илинден. Зоран Заев го обесчести илинденското востание. Зоран Заев го овбесчести АСНОМ. Ги обесчести Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, ги обесчести Брашнаров Ченто. Ги обесчести Кочо Рацин Цветан Димов Раде Јовчевски Корчагин.Да ја поздравиме внуката на Раде Јовчевски Корчагин која што е вечерва е тука меѓу нас, истакна Стоилковски.
Наум Стоилковски додаде и дека за целата ситуација во која што се наоѓа Македонија денес и за се она што и се случува на Македонија постои само еден виновник а тоа е Зоран Заев.
-Македонија има само еден виновник за оваа ситуација а тоа си ти Зоран Зеав.Ти си тој кој што ги урниса позициите, ти си тој кој што ја разви блудта кај соседите, ти си тој кој што ги зацрни европските вредности и за тоа ќе одговараш! Зоране готов си, замини си сам побрзо за побрзо да ја вратиме Македонија онаму каде што припаѓа, на цивилизираниот свет, каде што се почитува основното човеково право на самоопределување, со право на јазик историја и културна посебност! Се понатаму ќе заврши како црн поднаслов „протеран како слуга на ѓаволот, истакна Стоилковски.