Српската водителка, Тијана Стоисављевиќ е заразена со коронавирусот. Убавата водителка на својот профил на Инстаграм објави фотографија во пижами, под која напиша дека има поблага клиничка слика.
View this post on Instagram
„На овие кои велат дека короната не постои и дека се работи за теорија на заговор, само би им кажала дека постои и дека е одвратна“.
Поминала тешко и била исцрпена, но сега е подобро.
„Денес најпосле можам да се избањам, а тоа да не претставува подвиг и да не се чувствувам како да сум трчала на маратон. Не личам на ништо, извинете, но кога си болен така и изгледаш. Како некој кој имаше полесни симптоми, морам да ви кажам дека е ужасно“.
View this post on Instagram