недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пановски: Научник кажа ако граѓаните земаа ивермектин кој е ефикасен би чинело 3,5 милијарди за разлика од вакцина која чини 13,7 милијарди долари

Пановски: Научник кажа ако граѓаните земаа ивермектин кој е ефикасен би чинело 3,5 милијарди за разлика од вакцина која чини 13,7 милијарди долари

Треба да биде доброволна вакцината против корона покрај сите контроверзи. Исто така се уште има дилми кој ќе биде приоритетен да се вакцинира. Ако стигнат одма сите вакцини за 400 илјади лица нема да има дилема и ако тоа е добро организирано, ако не е како ова што го видовме со вакцината за грипот, рече доктор Никола Пановски на гостувањето на емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Прашан за ефтионот лек Ивермектин, Пановски рече:

„Ивермектин најмногу го знаат ветеринарите, тоа е лек кој постои одамна, го даваа во Австралија со доксицилин го даваа во Индија, Багладеш, Египет и имаа резултати со евтин лек. Тоа нешто кажува дека нешто не е во ред во борбата со пандемијата, ако луѓето пиеја евтини ,ама фантастични лекови, да помогнеше државата ќе беше поинаку, бидејќи и онака сакаат да пијат лекови. Треба да се размисли итно да се дава лек кој спасува животи, лекот постои 50 години треба да се набави, лекот е многу евтин. Австралија почна да го дава прва и ефектот е добар“.

Според него, ивермектинот може да се пие кај здрави кои биле во контакт, кај болни, се дава ефекти и во болница.

„Некои бараат големи студии, ако се почне сега ќе завршат во јуни. Има еден научник во Америка вели подобро да пијат ивермектин кој би чинел 3,5 милијарди отоколку вакцина која чини 13,7 милијарди долари“, вели Пановски.

Најнови вести