Како што дознаваат српските медиуми, пејачакта недела дена пред дочекот го остави познатиот спортист и се врати во Белград!
Љубовта на Секулиќ и Домановиќ се угаси поради честите расправи и недоверба, па таа ги спакува куферите и го напушти нивниот стан во Цирих.
Надежта последна умира
-На Урош му пречеше тоа што Гога во последните два месеци често била во Белград поради снимањето на новогодишните емисии, а ниту викендите не ги поминувала дома поради свирките ширум Балканот. Таа само во ноември девет пати од Цирих летала за Белград зошто медиумското експонирање и беше приоритет со оглед на тоа што издаде нови песни. Тој се противел на тоа, сметал дека ги поминала сите граници на толеранција, вели извор блисок до двојката и додава дека Урош бил понервозен од кога било, откако се повредил:
– И тој во изминативе месеци беше напнат зошто го повреди коленото и не може да тренира, па по цел ден седи во станот. Затоа очекуваше Гога да биде со него, но таа не можеше да ги откажи бројните обврски. Таа се труди што повеќе да заработи за да го исплати кредитот за стан. После подолг разговор одлучија да се разделат, тој остана во Цирих, таа се врати во Белград.
Иако повеќе не живеат заедно, тие двајцата често се слушаат по телефон.
-Нивната љубов очигледно не исчезна целосно. Постои надеж дека ќе се смират, но засега е подобро некое време да бидат раздвоени за да размислат за се. Ако доволно се зажелат еден за друг, може набрзо да се видат, зошто Цирих не е далеку. Всушност Гога ми рече дека после Божиќ планира да отпатува во Швајцарија за да разговара со него. Ако тогаш не се помират, веројатно ќе се разделат засекогаш, вели еден пријател на Гога.
По тој повод Гога ги потврди сознанијата:
-Лошите вести брзо се шират…Одлучивме некое време секој да биде на своја страна. Моментално не сум во Цирих и тоа се се што можам да ви кажам, порача Секулиќ.
Инаку Гога и Урош се запознаа уште во 2016 година и набрзо впловија во врска, која два месеци ја криеја од јавноста поради големата разлика во години. Домановиќ е 15 години помлад од пејачката, што по сознанијата дека се заедно предизвика голем бум во медиумите. Нивната врска набрзо стана сериозна и минатата година во декември се венчаа во Цирих.