вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ХОРОР: Позната актерка злоставувала жени, ги киднапирала и ги држела како сексуални робинки (ФОТО+ВИДЕО)

ХОРОР: Позната актерка злоставувала жени, ги киднапирала и ги држела како сексуални робинки (ФОТО+ВИДЕО)

Познатата американска актерка Алисон Мек е уапсена поради сексуално злоставување на неколку жени, уцени, закани и одземање на слободата.

Ѕвездата на “Smallville” е обвинета за лишување на жени од слобода и нивно претворање во сексуални робинки, заедно со својот партнер Кит Рејнијер. Тој бил уапсен кон крајот на минатиот месец, а сега на обвинителната клупа му се придружила и познатата актерка.

Кит е основач на сектата “Nxvin” во кој се претставува како лидер на кој сите жени мора да му бидат подредени и послушни. Наводно, тој им ги тетовирал своите иницијали на нивните задници и ги присилувал на ригорозни диети бидејќи обожувал слаби жени. Алисон Мек се придружила на сектата во 2012 година, а актерката учествувала во уценувањето на жените и доведување на нови.

Американските медиуми пишуваат дека Алисон Мек и Кит Рејнијер би можеле да бидат осудени на доживотен затвор.

Најнови вести