За стилот на Меланија Трамп пишуваме уште откако стана прва дама и тоа со голема причина. Од елегантни до спортски комбинации, првата дама на Америка скоро никогаш не прави грешка.
Последното појавување на убавата Словенка во комбинација која лесно може да се ископира со оглед на тоа дека комбинацијата е направена од парчиња гардероба кои секоја жена ги има во својот ормар.
Бела ролка, црно струкирано сако и бели панталони се полн погодок, а детаљ кој целата комбинација ја издигна на повисоко јиво се чевлите. Општо е познато дека Меланија сака стилето чевли и дека ги има во сите можни бои и материјали, па така и овој пат ги облече за совршен изглед.
Првата дама на Америка како и секоја година помина неколку часа со децата чии родители не можат да приуштат подарок за Божиќ.