Легендарниот српски пејач Џеј Рамадановски денеска беше погребан во алејата на великаните на гробиштата во Белград.
Семејството не можеше да ја сокрие тагата и солзите, а меѓу нив беа и поранешната сопруга и сегашната девојка на Џеј како и зетот за ќерка Адил кој се шпекулираше дека не се во добри односи.
Во капелата како што пишуваат српските медиуми биле една до друга двете сопруги на пејачот, со едната има деца, а со другата поминал доста време од својот живот.
Од колегите први дојдоа пејачката Мина Костиќ и Џани.