сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трауматологија нов ковид центар?

Трауматологија нов ковид центар?

Клиниката за трауматологија ќе биде нов ковид центар, велат наши извори. Ова им било соопштено на вработените на Трауматологија без некои дополнителни детали. За ова нема информација ниту од министерството за здравство. Претходно во рамки на клиниките во кампусот Мајка Тереза и сите интерни клиники станаа ковид центри, или станува збор за Пулмологија, Нефрологија, Неврологија, Очно и слично.

-Едноставно само ни соопштија дека и нашата клиника ќе стане ковод центар. Не ни дадоа никакви детали, вели вработен на Клиниката за трауматологија.

Коментарите на вработените во клиниките, но и на пациентите кои ги затекнавме денес на Клинички Скопје се дека лицата кои имаат друга мака се заборавени. И не само што имаат друга мака, туку се итни случаи.

-Мајка ми треба да прави операција. Падна и има скршеница на ногата за која проценија дека мора да се оперира во спротивно ќе има компликации. И како да ја оставам да се оперира кога сите на кои наидов чекајќи преглед раскажуваат како секој што влегува на клиника на пример да се оперира излегол позитивен на корона. Иако пред секоја интервенција се прави корона тест и пациентите влегуваат со негативен корона тест, по зафатот и по доаѓањето дома по неколку дена имаат симптоми и излегуваат позитивни на тестот, сведочи девојка која ја носела својата мајка на преглед.

Таа додадава, дека и по консултација со матичната го добила истиот одговор.

-Матичната ми вели, ако скршеницата е таква да мора операција, правете, но да знаеш дека многумина пациенти ми се жалат дека потоа добиваат симптоми и на тестовите по интервенција излегуваат позитивни, вели девојката загрижено.
Инаку Трауматологија е дел од Клиниката позната како ТОАРИЛУЦ или Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, лекување и ургентен центар. Оваа Клиника располага со 145 регистрирани болнички кревети од кои на Трауматологија има 37 болнички постели.

Најнови вести