вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Вчерашните избори ниту беа мирни, ниту демократски

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Вчерашните избори ниту беа мирни, ниту демократски

И повторно нѐ осамна уште еден ден, кога стануваме посвесни за криминалите на СДС, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Вчерашните избори ниту беа мирни, ниту демократски. Делењето пари и притисоците врз јавната администрација не се нешто нормално, но беше очекувано да го видиме од криминалната локална багра. Меѓутоа, она по што ќе останат запаметени овие избори е загрозувањето јавното здравје и окуражувањето на лица во изолација да дојдат на гласачките места. Во моментов, членовите на избирачките одбори на избирачките места: 2252, 2265 и 2276 стравуваат за своето и здравјето на семејствата, затоа што неодговорната власт, допуштајќи да гласаат лица со Ковид 19, ги изложи на оваа болест, велат од партијата.

Додаваат дека неправилностите не ги одминале и гласачкото место 2266 каде што се пронашло едно вишок ливче, но и гласачкото место 2292, каде имало семејно гласање потпомогнато од членовите на избирачкиот одбор, блиски до власта.

-Или резимирано, вчерашниот ден беше ист како владењето на СДС – дивеење, одврзани раце на мафијата и газење преку трупови за добивање на власт и фотелји, велат тие во своето соопштение до јавноста.

Најнови вести