среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Маријана славеше роденден еден ден пред Росана – „временска разлика, а близначки“ (ФОТО)

Маријана славеше роденден еден ден пред Росана – „временска разлика, а близначки“ (ФОТО)

Македонската пјачка Росана Сариќ Тодоровска и нејзината сестра близначка Маријана наполнија 56 години.

Маријана, која долги години живее и работи во Австралија, поради временската разлика побрзо го прослави роденденот од Росана.

„На мојата Маријана веќе ѝ е роденден, а мене утре… Временска разлика, а близначки ха, ха, ха“, напиша Росана.

Сестрите кои оставија голема трага на македонската музичка сцена, често и на социјалните мрежи и во многу емисии потенцираат дека неизмерно си недостигаат една на друга. Нивните песни кои ги испеаја додека се уште беа активни како дуо на сцената и ден денес се хитови.

Најнови вести