Кој треба да ги заштити граѓаните во ек на пандемија и кој треба да го даде примерот за почитување на мерките за спречување на ширење на пандемијата, ако не власта, односно тие коишто ги носат?
Дали СДСМ смета дека е привилегирана, или пак дека самата власт им носи имунитет од корона вирусот како од законите за да не ги почитува мерките и препораките, а ниту да се грижи здравјето на граѓаните?
Откако најпрвин одлучија среде пандемија да одат на избори кога Македонија ги доживува своите најцрни денови откако се појави корона виорусот, вчера бевме сведоци на ново неодговорно однесување од страна на владејачката СДСМ.
Имено, додека за граѓаните важат правилата и мерките за забрана за собири на отворено и затворено, задолжително носење на маска, за членовите и функционерите на СДСМ очигледно не важат.
Вчера на прославата на СДСМ Штип видовме нивно ново неодговорно однесување, со непочитување на правилата кои сами ги носат, но поскандалозно е тоа што со таквото однесување се загрозува јавното здравје и животите на граѓаните.
И додека граѓаните не смеат дури ни на отворено да се групираат повеќе од четврорица. вчера видовме дека членовите и функционерите на СДСМ смеат. Додека за сите граѓани важи носењето на маски, вчера видовме дека за членовите и функционерите на СДСМ не важи. Додека за угостителските објекти важи забрана за носење на музичари и организирање на забави, вчера видвоме дека за СДСМ тоа не важи.
Да биде скандалот поголем, откако завршија кампањата и прославата со неодговорно однесување на СДСМ, денеска министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесоа нови препораки и мерки со кои се забранија прослави на отворено и затворено, а дополнително се скрати работното време на угостителите.
Запрепастувачки е што чекаа да поминат изборите за да донесат нови забрани. Да биде ужасот поголем и вчера корона вирусот постоеше исто како и изминативе три недели додека им траеше кампањата.
На самиот ден кога СДСМ безгрижно славеа, во Македонија имаше 25 починати лица од корона вирусот и земјава се уште е во најлошите 10 во светот по смртност на милион жители.
И да не го заборавиме министерот Венко Филипче кој за да ги критикува граѓаните или опозицијата знаеше да сподели и фотографии од 2019 година, но за прославата на неговата партија нема ниту збор. Лицемерието им нема крај, но за жал поради тоа страдаат граѓаните, вирусот се шири во голема мера, а се губат премногу човечки животи.
И на крајот со ваква власт граѓаните треба да знаат дека се оставени сами на себе, ако сами не се заштитат оваа нодговрна власт нема.