сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Дали испорачувачите на нелегални финансирања и други активности од криминалното подземје во Штип се дел од корона изборите?

Стоилковски: Дали испорачувачите на нелегални финансирања и други активности од криминалното подземје во Штип се дел од корона изборите?

Две дена нема ниту збор за прославите на СДСМ во Штип. А, според фотографиите кои што се шират на социјалните мрежи, станува се појасно и зошто е овој молк. На првата фотографија, до Сашко Николов и Костадин Костадинов, се и Наум Барзов, инаку роднина на Сашко Николов, а на пошироката јавност познат како газда на штипска фабрика, која што на работниците им исплати плата од само два денари во време на корона кризата, вели  Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

-Дали можеби сега се радува на оваа маса затоа што ќе си го спаси бизнисот, со добиениот мандат на Сашко Николов? Со нив е и Мишко Николов, партиски финансиер и сопственик на ресторанот каде што се организира банкетот за прослава на СДСМ вон пропишаното работно време. Истовремено, прашувам дали е точно тоа што во Штип се говори за него дека е главен партнер на оној добитник на огромни тендери во здравството со меил адреса „Жути ет Јаху“, истакна тој.

Потоа, како што можете да видите во видеото, тој покажува и објаснува фотографија.

-На оваа фотографија е Здравко Коцев, познат како неуспешен политичар во Штип, на два пати поразен кандидат за градоначалник од СДСМ. Коцев сега е на платен список како инспектор во МВР. Значи, инспектор кој е присутен во кафеана која што работи вон пропишаното работно време за време на епидемијата корона! Со него на фотографијата е Сафет Али, сега шеф на паркинзи во Штип. Али е познат како човекот кој што ја згрози јавноста кога среде кампањата во 2017 година организираше погреб, опело за тогашниот градоначалник Илчо Захариев, а целата церемонија самиот ја нарече и ја водеше како „Али не се шали“! Николов, Костадинов, но и инспекторот Коцев треба да одговорат, дали и Али како и другите двајца на фотографијата, се испорачувачи на нелегални финансирања и позајмици, но и за други делувања од криминалното подземје на Штип? И дали сите нив заедно, сите четворица во Штип се познати како „Шерифите“? – вели тој.

Стоилковски порача дека вака СДСМ ја прослави победата на избори на кои што сами учествуваа. Со полициски инспектори и луѓе со сомнително делување.

-Сега треба да одговорат дали и колку овие луѓе биле вклучени во корона изборите во Штип. Истовремено, здравствените, но и другите власти кои треба да одржат редот во вонредните околности за време на епидемијата, треба да одговорат зошто не реагираа и зошто се уште не реагираат.  Дали присуството на политичари, бизнисмени, инспектори и луѓе од подземјето ја спречија полициската специјална акција предводена од Мери Проја Продановска и токму заради истите нив изостана и онаа медиумска хистерија за недозволени прослави среде корона? – заклучи тој.

Најнови вести