петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бумбароски: Изјавата на Цароска дека децата не можеле да поврзуваат факти е навредлива за чинителите на воспитно-образовниот процес

Бумбароски: Изјавата на Цароска дека децата не можеле да поврзуваат факти е навредлива за чинителите на воспитно-образовниот процес

Голем број наставници и професори реагираат откако вчера во јавноста излезе информацијата дека предметот историја во основното образование се укинува како посебен и ќе биде дел од предмет „Општествени науки“ кои ќе го изучуваат учениците.

Реакција предизивика и изјавата на министерската за образование и наука, Мила Царовска која, меѓу другото, истакна дека учениците не можеле да поврзуваат факти.

-Денешната изјава на министерката дека децата не можеле да поврзуваат факти е страшно навредлива за сите чинители на воспитно-образовниот процес. Исто така министерката во говорот спомна дека концептот е по примерот на Финска, и со тоа мисли дека е оправдан. Е па вака: Министерке, ние уште многу имаме да јадеме леб за да стигнеме до тој модел. Во Финска наставникот е подигнат на ниво на божество. Таму наставникот е најважната алка во општеството и се слуша неговиот глас, а не на некои минливи политичари…, реагира на Фејбсук, Гоце Бумбароски, наставник во основно училиште во Прилеп.

Најнови вести