Скопската Зоолошка градина од вчера е нов дом за пингвини.
Од Зоо Скопје велат дека тие полека се адаптираат на новото живеалиште, а оствариле и прв контакт со своите нови зоо негуватели.
-Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо. Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен, велат од Зоо Скопје.