среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Инспекторите Пауновски  и Проја Продановска реагираат само ако СДСМ нема прослава

Стоилковски: Инспекторите Пауновски  и Проја Продановска реагираат само ако СДСМ нема прослава

Стојко Пауновски, Мери Проја Продановска ниту цел Државен Пазарен Инспекторат цела недела нема ниту збор, а не пак акција за прославата на СДСМ во Штип кога локали работеа вон дозволеното работно време, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стојко Пауновски, а ни Мери Проја Продановска не смеат ниту да помислат да направат контрола во локали каде што газди седат на маса со лица од СДСМ. Тогаш за нив законите не важат. Ова е фотографијата од банкетот на СДСМ во Штип по локалните избори. На иста маса мегафонот на Заев и Николов седат со газди, полициски инспектори и локални гавази, цела кафана блешти како новогодишна елка, се служат пијалаци и закуски по 9 часот навечер, ама ги нема Стојко Пауновски, а ниту пак колегата на Проја да организираат спектакуларни хистерични акции пред камери. Костадинов и Николов очигледно се над законите“ – истакна тој.

„Ова е уште еден доказ за диктаторското владеење и за Инспектори на копче.

Инспекторите реагираат само ако СДСМ нема прослава.

Тогаш смее да се организираат банкети.

Законите важат само за репресија на граѓаните кои што не се во врска со СДСМ! Бидејќи за членови на СДСМ законите не важат.

Ова е срамно и не доликува на земја кандидат за членство во ЕУ.

Со апаратчици како Стојко Пауновски и Мери Проја Продановска и со Инспекторат кој што се вклучува во прогон само ако е по желба на Зоран Заев и на СДСМ и тогаш се гони опозицијата, и се гонат граѓаните. Македонија тоне во диктатура“ – порача Стоилковски!

Најнови вести