И покрај тоа што од Владата ветуваа дека ќе се обезбеди пласман за тутунот по загарантирани цени, оваа година како никоја досега тутунопроизводителите се во невидени маки а тутунот се продава по рекордно ниски цени какви што досега не памтат.
Додека тутунарите со огромни маки го произведуваат, нивниот род се цени до две класи пониско, а високи се и одбитоците кои според тутунарите стигнуваат 8 до 9%.
Ваквата катастрофа за тутунарите доаѓа откако Владата во новиот закон за тутун дозволи и увоз што го загрозува откупот на домашниот. За оваа цел лани тутунарите организираа блокади но Владата не се ни обиде да го реши проблемот па сега ги стави во најлоша положба до сега.
Лути и гневни од манипулативниот однос и крајно разочарани од Владата тутунарите започнаа да го искажуваат нивниот револт преку синхронизирани блокади во повеќе делови од државата. Но, и покрај тоа што беа излажани од страна на Владата со ветувањата дека ќе има откуп по загарантирани цени, на тутунарите вчера од страна на полицијата им било забранетода протестираат во Струмица и Радовиш.
„Имаме протести во Велес, имаме протести во Конче, проблеми имаме во Струмица и во Радовиш, каде луѓето се одвраќаат да протестираат. Ние утре ќе присуствуваме во Струмица и Радовиш, да ги охрабриме“, – изјави Игор Мирчески од иницијативниот одбор на незадоволните тутунари.
Интересен е и фактот што истото сценарио за замолчување се одвиваше и во Кавадарци со лозарите кои исто беа излажани со слични ветувања, но кога се организираа за протест како што можеше да се види и од видеа објавени на социјалните мрежи, полицијата интервенираше за да ги растерува.
Инаку утунопроизводителите од Пелагониско денеска трет ден го блокираат магистралниот пат Прилеп – Градско. Не остапуваат од своите барања – реална проценка на тутунот и најмногу пет отсто одбитоци, но дополнително бараат и Сојзуот на земјоделските здруженија да ги повлече поверениците од вагите