среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаневска: Не смее да се дозволи бришење на предметот историја, тоа би било голем пораз за Република Македонија

Јаневска: Не смее да се дозволи бришење на предметот историја, тоа би било голем пораз за Република Македонија

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија линковски се вклучи претседателката на комисијата за образование и науки на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска која зборуваше за лошиот предлог во однос на концептот на основното образование и измените кои ги предлага Мила Царовска.

Јаневска потенцираше дека во моменти кога Република Македонија има сериозни проблеми со одбрана на националниот идентитет, односно сопствената историја, ваквиот потег за измена на концептот на образование и бришење на предметот историја е тотално несоодветен на ситуацијата.

Евентуалното бришење на историјата како предмет за изучување во образовниот систем може целосно да ја измени сликата за македонската историја, односно да создаде една нова димензија, далеку од реалната. Таквиот момент може да направи огромен проблем во однос на две дијаметрално различни истории за Република Македонија, што ќе влијаат врз образованието на идните генерации, додаде Јаневска.

“Наместо да се изменува историјата која со децении наназад се изучува во Република Македонија, треба да се воведе метод на прочистување на градивото кое се изучува, со цел подобра експедитивност и поконцизно знаење за одредени области, наместо да се работи само со изучување на поими по квантитет”, вели Јаневска.

Под ниеден услов не смее да се прифати измена на образовниот систем, а уште помалку да се дозволи бришење на историјата како предмет во образованието. Доколку се случи нешто такво, тоа ќе биде почеток на едно ново време, кое ни малку нема да наликува на она што е вистина за Република Македонија, а тоа е историјата која ја изучувале нашите дедовци и татковци, заврши Јаневска.

Најнови вести