Претседателската двојка во заминување во Вашингтон ја завршува годинава со стил и во црно.
Меланија Трамп и претседателот Доналд Трамп го претставија својот официјален Божиќен портрет за 2020 година на Големото скалило на Белата куќа.
Првата дама изгледа совршено во секое издание, така и на празничната слика покрај нејзиниот сопруг.
Изненадувачки, Меланија не носи тоалета туку како и сопругот е облечена во класичен смокинг. Традиционално во високи елегантни црни потпетици.