– Има низа на прашања кои што се дискутабилни во рамките на предлог законското решение, ова е старо – ново законско решение, за тоа и дојде со потпис од поранешната министерка за правда проф. Рената Дескоска. Сегашниот, актуелниот министер за правда воопшто не се ни обиде тоа да го корегира, ниту да се занимава. Бидејќи очигледно политиката сепак доминира и врз ова законско решение,појасни Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата„За обнова на Македонија“ на емисија „24 анализа“.
Василевска додаде дека за опозицијата не постои дилема за спремноста и стручноста на ДЗС и на луѓето кои што се таму. ДЗС е една од петте најважни институции во државата без оглед колку им се дава реално внимание. ДЗС заедно со Државниот Архив на Република Македонија тоа се двете најсуштински, најзначајни и најстратешки институции кои што имаат и те како сериозно влијание и значење едната кон минатото, а другата кон иднината. Од тука не станува збор за стручноста и спремноста на ДЗС.
„Станува збор за суштински и политички дилеми и прашања кои како што се спомна се случија и во 201-тата година. Но имаат и своја генеза и во 2002, и од пописот во 1994, па и во пописот од 1981 година во поранешната Федерација. Зошто го велам ова? Ова го велам од аспект на тоа што Балканот воопшто генерално целиот Балкански полуостров има таква специфична политичка, етнографска и психолошка мапа и во која се уште некои процеси за западно европски вредности кои што не влечат нанапред оние не влечат наназад бидејќи треба да ги преживееме и да ги надживееме. И веројатно ние како генерација во овој век ќе треба да се справуваме со истите и да наоѓаме начини како тоа да биде што побезболно“, истакна Василевска.
Василевска посочи дека во однос на законот за попис има сериозни недоследности кои сериозно отвораат дебата за кредибилноста на истиот тој процес кој што треба да се одвива наредната година.
„И од таа причина ние како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ сме многу против доколку власта насилнички се обиде и ова вака понуденото законско решение нели на боксови, бидејќи се се става европско знаменце, се се става на брза лента, и тоа што требаше да помине лани ќе помине сега за два дена. Како граѓаните ќе се снајдат со некои закони не е битно, битно власта да си ги истурка набрзина законите за да излезе Зоран Заев и да каже дека спровел попис“, нагласи Василевска.
Василевска рече тој попис што сака Заев да го спроведе нема да биде кредибилен. И поради таа причина опозицијата повеќе пати апелира и ќе апелира пописот да се изврши според правилата и законите.